Бокс

И Џошуа и Руиз сакаат трет меч

Синоќа Ентони Џошуа во неатрактивна борба му се реваншираше на Руиз и си ги врати појасите, двајцата боксери сакаат уште еден меѓусебен дуел. 

Ентони Џошуа оствари крајно тактичка победа над поранешниот шампион Енди Руиз во 12 рунди (118-110, 118-110, 119-109 со едногласна одлука) и ги врати појасите во ИБФ, ИБО, ВБА и ВБО, кои ги загуби на 1-ви јуни по сензационалниот нокаут од Мексиканецот.
 
„Прво морам да му се заблагодарам на Господ. Човек како мене не прави изговори. Јас сум навикнат да нокаутирам, да победувам. По првиот меч бев сигурен и ветив дека ќе се вратам повторно и ќе одржам лекција. Сакав да покажам дека можеш да удираш, без да бидеш удрен. Јас многу го почитувам Енди како боксер. Се е прашање на подготовка. Ова е најважната работа во кариерата – да стекнам искуство. Си ја научив лекцијата. Штом сме се бореле двапати, можеме да го направиме тоа и трет пат, рече уште Џошуа во рингот.
 
Руиз не е задоволен од својот настап, вели дека многу подобро ќе се подготви за евентуалниот трет меч со Џошуа.
 
„Сакам трет меч против Ентони Џошуа! Нема да барам оправдувања, затоа што АЈ беше подобар, ова беше неговата ноќ. Тој ме „играше" добро, се движеше, го бркав. За третиот меч ќе бидам во најдобра форма, ќе бидам посветен, ќе тренирам повеќе со мојот тим. За овој меч тренирав сам. Благодарност до сите кои вечерва ме поддржаа, рече Енди Руиз по мечот.
 
 

Повлекувањето на Обединетото кралство од ЕУ (Брегзит) е правен потфат без преседан во историјата на правото.

повеќе

Изминатата недела имаше бурен почеток со објавувањето на вториот сет мерки. Се изнаслушавме разно-разни коментари, предлози и видувања кои никако не би можело да се рече дека се засновани на прецизни анализи и предвидувања на надлежните институции во државата, со кои располагаме, НБРСМ и МФ.

повеќе

Наместо да седнат заедничи и оние од власта и оние од опозицијата и да се договорат околу стратегијата за борбата со најголемата опасност, тие мудруваат и кажуваат бајки.

повеќе