Хуманитарни скијачки денови во Ресорт Маврово

На терените на Маврово, секоја година, традиционално се одржува Аматерскиот хуманитарен велеслалом (АХВМ). Оваа година поради пандемијата велеслаломот нема да се одржи, но Ресорт Маврово најавува дека ќе продолжи со хуманоста.

Веќе 19-та година по ред компаниите имаат можност преку скијањето да помогнат на некого.  АХВМ досега остварил многу хуманитарни цели, а овогодинешната е да се покажe хуманоста на непрофесионалните и професионалните скијачи кон оние на кои им треба нашата помош за соодветни услови за школување.

На 6 и 7 април во Ресорт Маврово ќе се скија за ученичкиот дом „Седек Костоски“ во Маврови Анови, кој работи во состав на ОУ „Денче Дејаноски“ во Општина Маврово и Ростуше. Во ученичкиот дом се сместени деца од прво до деветто одделение од околните села, како и деца од социјално загрозени семејства.

Сите приходи од скијачките карти купени на 6 и 7 април, Ресорт Маврово ќе ги донира на ученички дом „Седек Костоски“ за реновирање на домот и и подобрување на условите за живот на децата кои таму домуваат.

„Испратете ги вашите вработени на чист воздух и малку одмор од секојдневието и помогнете им на децата од ученичкиот дом „Седек Костоски“ да имаат подобри услови за школување и околина која ќе им овозможи квалитетно образование. Ако немате скијачи во вашата компанија, но имате желба да им помогнете на децата, можете директно да донирате средства на ученички дом во Маврови Анови“, повикуваат од Ресорт Маврово.

Освен тоа, од понеделник до петок Ресорт Маврово дава бесплатни часови за скијање заедно со Ски авантура ски-школата Маврово (бесплатна опрема и часови по скијање, од понеделник до петок, до 2 часа дневно, ски картата не е вклучена во понудата). За бесплатни часови и опрема задолжително е претходно пријавување на [email protected].

Иако новогодишните честитки во јануари оваа година, беа најчесто за здравје и со желба за „старото нормално“, првите три месеци од 2021 година не навестуваат крупни промени околу тоа кој ќе биде повторно најизговорениот збор и во периодот кој претстои. 

повеќе

Програмата за вакцинација во Бугарија може исклучиво да се окарактеризира како фијаско. 

повеќе