Формула 1

Хулк ќе го менува Перез во Силверстоун, пристигна во падокот на 10 минути пред почетокот на тренингот

Рејсин Поинт ќе има два болиди на ГН на Британија, Нико Хулкенберг ќе го замени Чеко Перез, кој е позитивен на коронавирус и нема да се трка овој викенд.

Чеко Перез е првиот возач во Формула 1 заразен со ковид-19, резултатите од првиот тест на Мексиканецот пред трката во Силверстоун биле инконклузивни, па веднаш бил направен втор тест кој сепак покажал дека возачот е позитивиен на коронавирус и мора во изолација.

Ваквиот развој на настаните ги стави во тесно лидерите на Рејсинг Поинт, кои сепак успеаја брзо да реагираат и да донесат замена. Тие се решија за Нико Хулкенберг, кој денеска пристигна во падокот на 10 минути пред почетокот на првиот слободен тренинг и со трчање се упати во боксот.

Популарниот Хулк, кој го држи неславниот рекорд за најмногу стартови на трки (177) без подиум, е без ангажман од декември минатата година и разделбата со Рено.

Рејсинг Поинт оваа сезона има конкурентен болид, веројатно најдобриот кој Германецот го возел во својата кариера, па доколку успее брзо да се прилагоди, можно е конечно да се качи на подиумот. На првиот слободен тренинг тој заостануваше повеќе од половина секунда од тимскиот колега Ленс Строл, но тоа е прилично солидно време со оглед на тоа како изгледаа неговите последни 24 часа.

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе

Се поставува прашањето, дали треба да се жртвува слободата за сметка на жртвите кои се последица од вирусот, кој не можеме да го спречиме освен со строги санкции и мерки?

повеќе