Мото ГП

Хорор пад на Оливеира при 300 км/час, квалификациите во Филип Ајленд одложени за недела наутро (ВИДЕО)

Квалификациите за ГН на Австралија се одложени за во недела наутро откако силниот ветер кој често го менува правецот предизвика хорор пад на Мигел Оливеира на четвртиот слободен тренинг во Мото ГП.

Мото ГП викендот во Австралија ги поремети плановите на организаторот. Денеска имаше силен ветер кој често го менува правецот па на почетокот од четвртиот слободен тренинг се случи голем инцидент.

Мигел Оливеира загуби контрола над моторот на крајот од правецот каде се развива брзина од 300 км/час, излета во тревата и падна. Неговиот мотор се распарчи, а тој на носилки беше изнесен по укажаната лекарска помош.

За среќа Португалецот нема посериозни повреди освен модринки по телото, но хорор падот предизвика сесијата да биде суспендирана, а возачите итно да заминат на состанок и да изгласаат одложување на квалификациите, кои сега ќе се одржат во недела наутро.

Кога политичарите сватија за каква моќна алатка се работи, час поскоро побрзаа да менуваат закони со кои „бомбите" нема да бидат докази.

повеќе

Брегзитот, односно напуштањето на Велика Британија на ЕУ, без сомневање ќе влијае врз градењето на новата политичка архитектура во Европа, со нова поделба на интересни зони на стариот континент.

повеќе

Германската канцеларка Ангела Меркел, меѓу другите, беше гневна; Балканот помодре од бес. ЕУ сега се обидува да го натера Макрон да го тргне ветото пред Европскиот самит во март.

повеќе