ФОРМУЛА 1

Хонда ќе го копира Мерцедес за да стигне до 1000 коњски сили

Тимот на Мекларен Хонда ќе ја примени филозофијата на Мерцедес за разделба на турбината и компресорот со цел да биде создаден поконкурентен агрегат и болид за новата сезона

Откако нивниот „нулта“ пристап не вроди со плод изминативе две години, Хонда реши да го копира Мерцедес за да создаде болид достоен за атак на титулата.

Иако Хонда не открива премногу детали за новиот мотор, медиумите шпекулираат дека првиот човек Јусуке Хасегава дал зелено светло за промена на филозофијата.

Па производителот од Јапонија слично како дизајнот на Марцедес, ќе го раздели турбото, од едната страна на моторот ќе биде компресорот, а од другата страна ќе биде турбината и двата дела ќе бидат поврзани со цевка која поминува низ моторот.

Исто така се говори дека Хонда ќе има уште еден новитет, кој исто така ќе биде сличен на дизајнот што го разви нивен ривал, односо ќе биде копиран пристапот на Ферари за мултиџет системот за вбризгување на гориво.

Целта на Хонда е да се добие агрегат кој ќе располага со 1000 коњски сили и со кој ќе може да се атакува на титулата во Формула 1.

Уништувањето на шумите е една од најголемите еколошки катастрофи со кои се соочуваме, после загадениот воздух.

повеќе

Измените во законот за минимална плата е трул компромис меѓу социјал-демократите и бизнис-лобито во Владата.

повеќе

Македонската јавност е во исчекување од најавата на министерот Оливер Спасовски дека МВР ќе ги истражува сите агенции за обезбедување поради поврзаност со рекетарство.

повеќе