Маркез може да дојде до триумф на зелена маса

Хонда и ривалите испратија протест, виси победата на Довициозо, ова е спорниот дел од моторот на Дукати (ФОТО)

Андреа Довициозо по голема битка до последниот свиок успеа да слави пред Марк Маркез во Катар, но на зелена маса може да остане без победа откако Хонда и ривалите испратија протест.

Синоќа беше отворена новата сезона во Мото ГП и љубителите на мото спортот уживаа во возбудлива и сензационална трка со битка до последниот свиок.

Андреа Довициозо на крајот славеше откако мина прв низ целта со предност од 0.023 секунди во однос на Марк Маркез. Сепак, Италијанецот би можел да остане без победата на зелена маса.

Хонда, Сузуки, Априлија и КТМ (Јамаха не реагираше) доставија протест и оспоруваат еден дел од моторот на Дукати, поточно крило поставено пред задното тркало. Ривалите сметаат дека ова е аеродинамичен дел и спротивно на правилата.

Стјуардите доцна синоќа ги повикаа сите инволвирани страни на разговор, и откако беа сослушнати објаснувањата, решија да го одбија протестот и да го прогласат делот за легален

На Хонда, Сузуки, Априлија и КТМ не им се допадна ова, најавија жалба, па сега целиот случај ќе го разгледа судот за жалби при Мото ГП.

Од Дукати посочуваат дека нивната иновација (која всушност е копија на идејата на Јамаха) е во склоп со правилата, дека таа не влијае врз аеродинамиката и служи само да се лади задното тркало.

Останува да се види како ќе се одвиваат работите во иднина. Дукати пред неколку години ги промовираше фамозните крилца на предниот дел, кои потоа беа копирани од сите останати тимови, а кога гигантите од Јапонија не успеаја да ги повторат резултатите на малиот тим од Италија, издејствуваа тие да бидат забранети под образложение дека ја загрозуваат безбедноста на другите возачи. Па Дукати беше приморан крилцата да ги вклопи во шасијата, а истиот пример го следеа сите останати.

Кризата на вредности влијае негативно на балансот помеѓу императивот за слобода и потребата за безбедност, стеснувајќи го либералниот простор на современо конципираните општества.

повеќе

Mора да се научиме како да ги градиме политиките кои ќе водат кон осврт на сите теми важни за градење позитивен мир, но и реторички да останеме конзистентни на она за што се залагаме.

повеќе

Во изминатите 24 години откако Македонија и САД воспоставија официјални дипломатски односи, македонско-американските трговски врски растат бавно, но сигурно.

повеќе