Формула 1

Хаос и возбуда во Монца: Безбедносно возило, црвено знаме и изненадувачка победа на Гасли! (ВИДЕО)

Пјер Гасли на големо изненадување стигна во победа на ГН на Италија, возачот на Алфа Таури најдобро се снајде на хаосот во Монца и мина прв низ целта пред Карлос Саинц и Ленс Строл.

Луис Хамилтон попладнево беше на пат кон нова победа, но Британецот на крајот мораше да се задоволи со финиш на седмата позиција. Возачот на Мерцедес поведе од пол и почна да билда предност, но добрата работа му падна во вода кога Кевин Магнусен го паркираше болидот крај патеката и излезе безбедносното возило.

Не само што беше избришана предноста од 14 секунди, Луис Хамилтон влезе да менува пневматици кога боксот беше затворен, па стјуардите отворија истрага.

Само што се тргна безбедносното возило, Шарл Леклер изгуби контрола на излезот од Параболика и се заби во оградата па беа покажани црвени знамиња и прекин на трката. Кратко потоа се дозна и казната за Луис Хамилтон, кој по ре-стартот мораше во бокс да одработи десет секунди чекање во место, и практично тука ја загуби шансата са триумф.

Во целиот хаос најдобро се снајде Пјер Гасли, кој во последните кругови одолеа на нападите од Карлос Саинц и мина низ целта со само половина секунда предност во однос на Шпанецот. Последното место на пиедесталот му припадна на Ленс Строл.

Потоа следуваа Ландо Норис, Валтери Ботас, Даниел Рикардо, Луис Хамилтон, Естебан Окон, Дани Квајт и Серхио Перез.

Макс Верстапен имаше разочарувачки викенд, по слабите квалификации, денеска мораше да се откаже поради механички проблем.

Во САД и некои други земји, припадниците на загрозените расни и етнички малцинства имаат пократок животен век од просечниот, и поради тоа не се доволно застапени меѓу оние за кои најмногу се очекува дека ќе починат од ковид-19.

повеќе

Предвидувањата за тоа дека ќе дојде денот кога Бугарија ќе ги искористи пасошите кои Софија така лесно им ги даваше на македонските државјани почнуваат да се остваруваат.

повеќе

Реакцијата на семејството и блиските во однос на пандемијата е пресуден фактор кој влијае на емотивната состојба, размислувањата и однесувањето на младите.

повеќе