Формула 1

Хамилтон требаше да добие казна за Ботас по втор пат да се радува на победа оваа сезона!

Валтери Ботас конечно се искачи на највисокото место на пиедесталот по отварањето на сезоната, Финецот победи во Сочи откако Луис Хамилтон доби казна од 10 секунди.

Луис Хамилтон не ја искористи првата шанса за изедначување на рекордот на Михаел Шумахер од 91 победа. Британецот си направи проблеми уште пред да почне трката, откако вежбаше старт на недозволено место.

Па во 8 круг доби казна 10 секунди, која требаше да ги одработи при првото влегување во бокс. Веќе тука му беше компромитирана трката, па на крајот мораше да се задоволи со финиш на третата позиција.

Макс Верстапен ја загуби втората позиција уште на стартот, во продолжението од трката не можеше да му парира на Валтери Ботас, па заврши како втор.

Без некој да го притиска, Валтери Ботас рутински извозе за втора победа оваа сезона, прва по триумфот на отварањето.

Во бодови уште завршија Серхио Перез, Даниел Рикардо, Шарл Леклер, Естебан Окон, Дани Квјат, Пјер Гасли и Алекс Албон.

Во Македонија само 1% од младите професионално се занимаваат со спорт, 7% спортуваат аматерски, додека 42% спортуваат рекреативно или практикуваат физичка активност во вид на хоби и рекреација.

повеќе

Нашето законодавство дава поголема важност на едно парче хартија отколку на вистинската состојба на терен.

повеќе

Еве што знаат мнозинството Македонци и Бугари родени до 1980 година.

повеќе