Формула 1

Хамилтон со нов рекорден круг до пол позиција на ГН на Америка

Луис Хамилтон доминацијата од тренинзите ја повтори и на квалификациите во Остин, Британецот со рекордно време од 1:33.108 стигна до пол-позиција

Луис Хамилтон делува незапирливо на ГН на Америка и останува да се види дали утре ќе го комплетира одличниот викенд во Остин со победа.

Британецот беше најбрз во квалификациите, и со рекордно време од 1:33.108 стигна до пол-позиција.

Друштво во првиот ред ќе му прави Себастијан Фетел, кој во последниот брз круг извади џокер од ракавот и постави врмее од 1:33.347 и ги раздели двајцата возачи на Мерцедес.

Па Ботас мораше да се задоволи со место во вториот ред, каде друштво ќе му прави Даниел Рикиардо.

Потоа следуваат Раиконен, Верстапен, Окон, Саинц, Алонсо и Перез.

Но Макс Верстапен ќе добие казна поради промена на моторот, па ќе има мала промена на утрешниот грид.

Планот за чист воздух од само 1,5 милиони евра издвоени од буџетот и за граѓаните и за еколошките активисти е несериозен.

повеќе

Во битката за фотелја во ФФМ секогаш решавачка била „техниката" на добивање гласови од делегатите со поткуп, ветувања, партиски и притисоци на локалните моќници... 

повеќе

Како може да се надминат исклучивите и националистички толкувања на минатото: што работат комисиите?

повеќе