Хамилтон со нов рекорд на патеката во Истанбул, Ботас ќе стартува од пол

Луис Хамилтон постави нов рекорд на патеката во Истанбул во квалифкациите, но поради казната од 10 позиции ќе стартува од средината на колоната а Валтери Ботас ќе се најде на пол позиција.

Квалификациите за ГН на Турција донесоа доминација на Мерцедес, Луис Хамилтон беше најбрз и со време од 1:22.868 постави нов рекорд на патеката во Истанбул. Сепак, Британецот го чека казна од 10 позиции поради менување на моторот, па утре тој ќе стартува од средината.

Пол позицијата му припадна на Валтери Ботас, кој денеска имаше второ најдобро време и круг од 1:22.998. Друштво во првиот ред ќе му прави Макс Верстапен, кој не можеше да парира на „сребрената стрела“.

Шарл Леклер беше најдобар од останатите, а потоа следуваа Пјер Гасли, Фернандо Алонсо, Серхио Перез, Ландо Норис, Ленс Строл и Јуки Цунода.

Дали и колку градовите им служат на интересите на своите граѓани (демократија) или на елитите кај кои се концентрира капиталот (авторитарност)?

повеќе

Освен тоа што муралите се моќно средство за комуникација, тие можат да бидат и предмет на манипулации, па и пропаганда, подигање тензии и продлабочување на недоразбирањата во БиХ.

повеќе

Процесот на донесување на буџетот ме потсетува на една изрека на поранешниот државен секретар на трезорот на САД, Џејкоб Лу (Jacob Lew) кој вели дека „Буџетот не е само колекција на бројки, туку израз на нашите вредности и аспирации“.

повеќе