Формула 1

Хамилтон со нов рекорд на патеката до пол во Бахреин

Луис Хамилтон продолжи да доминира и на првата трка надвор од Европа оваа сезона, попладнево Британецот со нов рекорд на патеката стигна до пол-позиција во Бахреин.

Формула 1 караванот оваа недела конечно ја напушти Европа и се пресели на Средниот Исток за завршните три трки од сезоната. Викендов на програмата е првата трка во Бахреин, а Луис Хамилтон продолжи со доминацијата.

Британецот стигна до пол-позиција со нов рекорд на патеката. Со време од 1:27.264 тој беше недостижен за ривалите.

Валтери Ботас мораше да се задоволи со старт од втората позиција, а Макс Верстапен иако ветуваше многу на третиот слободен тренинг, попладнево беше речиси половина секунда побавен и ќе стартува од вториот ред, заедно со тимскиот колега Алекс Албон.

Серхио Перез уште еднаш покажа дека заслужува место во Формула 1, Мексиканецот се избори за старт од позицијата број пет, потоа следуваа Даниел Рикардо, Естебан Окон, Пјер Гасли, Ландо Норис и Дани Квјат.

Во САД и некои други земји, припадниците на загрозените расни и етнички малцинства имаат пократок животен век од просечниот, и поради тоа не се доволно застапени меѓу оние за кои најмногу се очекува дека ќе починат од ковид-19.

повеќе

Предвидувањата за тоа дека ќе дојде денот кога Бугарија ќе ги искористи пасошите кои Софија така лесно им ги даваше на македонските државјани почнуваат да се остваруваат.

повеќе

Реакцијата на семејството и блиските во однос на пандемијата е пресуден фактор кој влијае на емотивната состојба, размислувањата и однесувањето на младите.

повеќе