Формула 1

Хамилтон се изедначи со Шумахер, Рикардо конечно на подиум, шефот на Рено ќе добие тетоважа

Луис Хамилтон триумфираше во Нирбургринг и се изедначи со легендарниот Михаел Шумахер, двајцата сега имаат по 91-на победа, Даниел Рикардо конечно на подиум па шефот на Рено ќе добие тетоважа.

Луис Хамилтон конечно го достигна постигнувањето на Михаел Шумахер, Британецот попладнево триумфираше на ГН на Ајфел и сега има 91 победа, исто колку легендарниот Германец.

Актуелниот шампион се радуваше во Нирбургринг откако Валтери Ботас направи грешка во првиот свиок во кругорт број 14, блокираа сопирачките на Финецот, па Луис Хамилтон изби на чело.

Неколку круга подоцна, се случи нов пех за Валтери Ботас, откажа неговиот мотор и тој мораше да ја заврши трката. Веќе тука беше јасно кој ќе победи, иако во финишот имаше малку драма откако излезе безбедносното возило. Но Луис Хамилтон не погреши при ре-стартот и беше недостижен за Макс Верстапен.

Зад нив, последното место на пиедесталот му припадна на Даниел Рикардо, кој ја доби битката со Серхио Перез. Ова значи дека шефот на Рено ќе добие тетоважа, како дел од облогот со возачот од Австралија.

Во бодови уште завршија Карлос Саинц, Пјер Гасли, Шарл Леклер, Нико Хулкенберг, Роман Грожан и Антонио Џовинаци.

Каракачанов: На Бугаринот паметот му доаѓа следниот ден...

повеќе

При еден спор, понижувањето не е добро ниту за победникот, ниту за поразениот; ниту за „победникот“, ниту за „поразениот“.

повеќе

Стравот од неизвесноста што ја носи пандемијата од ковид-19 вирусот, бара да се преструктуираме и да го промениме начинот на нашето однесување и работење.

повеќе