Формула 1

Хамилтон победник во Силверстоун по рекордни шести пат!

Луис Хамилтон е победник на ГН на Велика Британија, на актуелниот шампион му се посреќи со безбедносното возило за да има рутинска трка откако Валтери Ботас водеше петнаесетина круга.

Нова еден-два победа за Мерцедес, Луис Хамилтон победи на домашната трка и славеше во Силверстоун по рекорден шести пат. Британецот беше агресивен од самиот старт но Валтери Ботас одолеваше и беше лидер петнаесетина круга. 

Потоа следуваа првите влегувања во бокс, Луис Хамилтон остана некој круг повеќе, му се насмевна среќата откако излезе безбедносното возило, па тој го превзеде водството. Во корист му беше и тоа што механичарите на Мерцедес не го сервисираа Валтери Ботас, па Финецот до крајот на трката мораше уште еднаш да менува гуми и веќе тука беше јасно кој ќе победи. 

Зад нив, Макс Верстапен водеше интересна битка со возачите на Ферари. Кога изби на третата позиција, Холанѓанецот беше удрен од Себастијан Фетел, па назадуваше две позиции а последното место на пидесталот му припадна на Шарл Леклер. 

Пјер Гасли конечно извезе една добра трка и финишираше како четврти, а во бодови уште завршија и Карлос Саинц, Даниел Рикиардо, Кими Раиконен, Дани Квјат и Нико Хулкенберг.

„Сметам на вас“. Со овие зборови, претседателот Макрон апелираше до граѓаните на Северна Македонија да гласаат за Преспанскиот договор на референдумот на 30 септември 2018.

повеќе

Сѐ додека Македонија ја претставуваат „политички најподобните" ќе тонеме длабоко и уште повеќе ќе се раслојуваме.

повеќе

По определувањето на мерката ефективен притвор, притворениот раководен функционер не може да издава полноважни правни акти, меѓу другото, и поради фактот што го нема службениот печат.

повеќе