Формула 1

Хамилтон победи во Остин, титулата полека му се насмевнува

Луис Хамилтон е на чекор до четвртата титула во Формула 1 откако денеска победи на ГН на САД, Британецот низ целта мина пред Себастијан Фетел

На три трки до крајот и 75 бода на дофат, титулата полека му се насмевнува на Луис Хамилтон, возачот на Мерцедес има предност од 66 бодови во однос на Себастијан Фетел.

Германецот добро ја започна денешната трка и во првиот свиок го помина Луис Хамилтон, но Британецот во 6. круг го нападна возачот на Ферари и го превзеде водството, кое го испушти само кога застана во боксот да менува гуми.

По овој момент, победата на Луис Хамилтон ниту еднаш не беше ставена под знак прашалник, и тој триумфираше со 10 секунди предност пред Фетел, кој се реши за малку поинаква стратегија и во последните кругови мораше да го помине Ботас и Раиконен за да заврши како втор.

Трет низ целта мина Макс Верстапен откако Холанѓанецот во последниот круг го мина Кими Раиконен, но стјуардите одлучија дека неговиот маневар не е легален бидејќи со сите четири тркала ја напуштил патеката па го казнија со пет секунди и последното место на подиумот му припадна на популарниот „Ајсмен“.

Во бодови уште завршија Ботас, Окон, Саинц, Перез, Маса и Квајт.

Еден проблем кај Трамп е тоа што му е опсесија да изгледа „силен".

повеќе

Меѓу најпосетените места во градот сѐ уште на прво место и меѓу главните мотиви поради кои доаѓаат туристите во Крушево е вечното почивалиште на Тоше Проески, спомен куќата изградена во чест на него, Манастирот Св. Преображение и многу други.

повеќе

„Москва се труди да протурка слика за себе како благонаклонет партнер и заштитник на сувереноста и на православното христијанство антитеза на Западот што 'цело време се меша таму кај што не му е местото'.

повеќе