Формула 1

Хамилтон победи во Монако, но е под истрага за судир со Верстапен!

Луис Хамилтон мина прв низ целта на ГН на Монако, но дали ќе ја задржи победата, ќе кажат стјуардите откако беше отворена истрага за сударот помеѓу Британецот и Макс Верстапен во финишот од трката.

Луис Хамилтон се радува на триумф во Монако, актуелниот шампион иако имаше големи проблеми со предниот лев пневматик, успеа да го задржи Макс Верстапен зад себе.

Сепак работите може да се променат на зелена маса откако двајцата се под истрага за сударот во финишот од трката. Макс Верстапен реши да си ја проба среќата на три круга пред крајот, го нападна Луис Хамилтон на излезот од тунелот, но дојде до контакт, па двајцата ја скратија шиканата и продолжија да возат.

За разлика од Луис Хамилтон, кој во моментов стои како победник, Макс Верстапен нема да заврши на подиумот и покрај тоа што финишираше втор. Холанѓанецот има пет секунди казна за инцидентот од почетокот на трката кога не излезе на безбеден начин од боксот и дојде до контакт помеѓу него и Валтери Ботас во пит-лејнот.

Така, второто место му припадна на Себастијан Фетел, а последното место на пиедесталот на Валтери Ботас.

Во бодови уште завршија Пјер Гасли, Карлос Саинц, Дани Квјат, Алекс Албон, Даниел Рикиардо и Роман Грожан.

Нашиот процес на преговори многу веројатно ќе биде предмет на уште построги критериуми и мониторинг имајќи ги предвид искуствата на земјите кои во моментот преговараат. 

повеќе

На Македонија и Бугарија им треба дебата која ќе го унапреди историското разбирање без робување на идеологии, митологии и политики.

повеќе

Македонизмот често е мистика и точка на недоразбирање и меѓу Македонците и на Македонците со другите народи во и околу Македонија.

повеќе