Формула 1

Хамилтон победи во Мексико, но титулата ќе ја заверува на друго место

Луис Хамилтон дојде до десетата победа оваа сезона откако прв ја мина целта и на трката за Големата награда на Мексико, но најверојатно титулата ќе ја завери на следната трка. 

Изминатите две сезона Хамилтон титулата ја обезбедуваше токму на трката во Мексико, но овој пат тоа не беше случај иако имаше шанса за такво нешто
 
Луис Хамилтон ја оствари 83. победа во кариерата, зад него се пласираше Себастијан Фетел, Валтери Ботас заврши како трет, а четврти беше Шерл Леклер.
 
Бодови освоија уште Албо и Верстапен од Ред Бул, Перез (Рејсинг Поинт), Рикардо (Рено), Квајт и Гасли (Торо Росо).
 
Хамилтон не успеа и овој пат во Мексико да стане шампион, но тоа ќе може да го направи веќе на следната трка која на 3. ноември се вози за Големата награда на САД.

Мора да се пристапи кон воведување нови мерки за поголема контрола на лицата кои поседуваат нелегални пари.

повеќе

Визија на развиениот свет е државните авторитети да го гледаат спортот како средство за подобар економски и социјален развој.

повеќе

Јавните медиумски сервиси треба да бидат столб на демократските општества и примарен извор на информации за сите граѓани.

повеќе