Луис Хамилтон ја забележа 11. победа оваа сезона, Британецот вечерва триумфираше на ГН на Бахреин. Ноќната трка во пустината започна со страшен судар. Роман Грожан се заби во заштитната ограда во првиот круг а неговиот болид се преполови и се запали. Французинот беше дваесетина секунди во оган, но со помош на брзата реакција на стјуардите се спаси од смрт.
По ре-стартот на трката дојде до нов инцидент, Ленс Строл се преврт по еден контакт со Дани Квјат па на патеката излезе безбедносното возило.
Откако се расчити патеката, љубителите на мотоспортот конечно можеа да видат трка, но Луис Хамилтон уште се погрижи да нема возбуда кога е во прашање првото место. Британецот доминираше и мина прв низ целта пред Макс Верстапен.
Во финишот од трката, Серхио Перез на суров начин остана без подиум. На три круга пред крајот се распиа неговиот мотор и тој мораше да се паркира крај патека, а на последното место на пиедесталот се искачи Алекс Албон.
Во бодови уште завршија Ландо Норис, Карлос Саинц, Пјер Гасли, Даниел Рикардо, Валтери Ботас, Естебан Окон и Шарл Леклер.