Формула 1

Хамилтон победи во Абу Даби пред Верстапен и Леклер, но возачот на Ферари може да биде дисквалификуван

Сезоната во Формула 1 заврши со триумф на Луис Хамилтон, Британецот беше без конкуренција во Јас Марина и мина прв низ целта пред Макс Верстапен и Шар Леклер, на кого му прети дисквалификација поради количната на горови во неговиот болид.

Попладнево на програмата беше последната трка во Формула 1 во 2019, Луис Хамилтон ја заокружи одличната година со триумф во Абу Даби. Британецот, кој по пауза од девет трки, овој викенд конечно стартуваше од пол позиција, денеска немаше многу проблеми, извозе рутинска трка и прв мина низ целта.

Второто место му припадна на Макс Верстапеп, додека на последното место на пиедесталот се искачи Шарл Леклер. Сепак, на возачотн а Ферари му прети дисквалификации, откако уште на стартот од трката стјуардите обелоденија дека имало значајно несогласување помеѓу количината гориво во болидот која била пријавена и онаа која била измерена.

Доколку Шарл Леклер биде казнет, неговото место ќе го превземе Валтери Ботас, кој откако стартуваше како последен, успеа да стигне до позицијата број 4.

Во бодови уште завршија Фетел, Албон, Перез, Норис, Квајт и Саинц.

Пандемијата на коронавирусот која го зафати целиот свет, не само што има огромно влијание врз јавното здравство, општеството и економијата како целина, туку предизвика пустош и во спортот.

повеќе

За транспортерите – благодарам, за мерките – итност, за компаниите надеж дека Владата ќе ги искористи сите ресурси на државата за да ги одржи во живот, без разлика на цената што треба да се плати за тоа.

повеќе

Пандемијата со коронавирусот започна во време кога довербата во институциите беше на рекордно ниско ниво. 

повеќе