Формула 1

Хамилтон победи на Спа, нов срамен настап на Ферари

Мерцедес доминираше на трката за Големата награда на Белгија, Луис Хамилтон беше најдобар на патеката Спа, пред неговиот клупски колега Валтери Ботас, возачите на Ферари не успеаа да освојат ниту бод. 

Луис Хамилтон дојде до својата четврта победа на Спа, вкупно 89. во кариерата, тој трката ја заврши пред другиот возач на Мерцедес, Валтери Ботас, а трет беше Макс Верстапен од Ред Бул.
 
Потоа следуваат двајца возачи на Рено, Рикардо и Окон, а пласман во топ десет има и за Албон, Норис, Гасли, Строл и Перез.
 
Ферари имаше уште една срамна трка која ќе предизвика дополнителни реакции, Себастијан Фетел заврши на 13. место, а Леклер веднаш зад него. 
 
Во генералниот пласман прв е Луис Хамилтон со 157 бода, втор е Верстапен со 110, Ботас има 107.
 
Следниот викенд се вози трката за Големата награда на Италија во Монца.

Во Македонија само 1% од младите професионално се занимаваат со спорт, 7% спортуваат аматерски, додека 42% спортуваат рекреативно или практикуваат физичка активност во вид на хоби и рекреација.

повеќе

Нашето законодавство дава поголема важност на едно парче хартија отколку на вистинската состојба на терен.

повеќе

Еве што знаат мнозинството Македонци и Бугари родени до 1980 година.

повеќе