БРИТАНЕЦОТ НА ЧЕКОР ДО ИСТОРИЈА

Хамилтон на состанок со судбината

Возачот на Мерцедес, Луис Хамилтон попладнево во Унгарија има прва шанса да го изедначи рекордот на Михаел Шумахер од 68 пол-позиции во Формула 1

Михаел Шумахер во 2006, на ГН на Франција, стигна до рекордната 68 пол-позиција, а седум трки претходно го собори достигнувањето на Аиртон Сена, кој 12 година беше на тронот со 65 пол-позиции.

Луис Хамилтон денеска има прва шанса да се изедначи со легендарниот Германец.

Овој викенд на програмата е ГН на Унгарија, а на последните пет трки на Хунгароринг, Луис Хамилтон дури во три наврати стартуваше од пол-позиција.

Но задачата нема да биде лесна, покрај главниот ривал оваа сезона Ферари, вчера на слободните тренинзи брзина покажа и Ред Бул.

Македонската јавност е во исчекување од најавата на министерот Оливер Спасовски дека МВР ќе ги истражува сите агенции за обезбедување поради поврзаност со рекетарство.

повеќе

Сите овие промашувања на Груевски имаат едно заедничко - дирекно ја загрозија државноста на Република Македонија.

повеќе

Во САД и во многу европски земји, просечните плати стагнираат, и покрај тоа што многу од економиите закрепнаа од финансиската криза од 2008 година.

повеќе