Драмата продолжува

Хамилтон може да остане без спектакуларната победа во Хокенхајм, стјуардите отворија истрага! (ВИДЕО)

Луис Хамилтон стигна до голем триумф на ГН на Германија но би можел да остане без победата откако стјуардите решија да го истражат потегот со кој Британецот во последен момент се откажа од влегување во бокс.

Драмата во Хокенхајм очигледно не е завршена. Луис Хамилтон би можел да остане без спектакуларната победа. Британецот благодарејќи на дождот и излетувањето на Себастијан Фетел мина прв низ целта иако стартуваше како 14-ти.

Сепак, по крајот на трката стјуардите покренаа истрага и го повикаа Британецот на разговор. Причина е потегот со кој возачот на Мерцедес во последен момент се откажа од влегување во бокс и преку тревата се врати на патеката.

За сличен инцидент на ГН на Азербејџан во 2016, Кими Раиконен доби казна од 5 секунди.

Доколку Луис Хамилтон биде санкциониран и стјуардите се решат за казна од 5 секунди, тогаш тој ќе ја загуби првата позиција и неговиот тимски колега Валтери Ботас ќе биде прогласен за победник.

Новинарите на хрватски ТРИС се приклучија во патувачкиот новинарски карван до земјата без име.

повеќе

Лидерството на опозициската ВМРО-ДПМНЕ мора да излезе јавно, на прес конференција, заедно со сите пратеници, и да објават прекин на секакво понатамошно учество во дискусија на собраниската седница.

повеќе

Според Агенцијата за вработување, најмногу невработени има меѓу дипломираните правници, економисти, професори по одделенска настава на македонски и албански јазик и социјални работници. 

повеќе