Стјуардите пресудија дека ги прекршил правилата, но немало потреба за построга казна

Хамилтон ја задржа победата, доби само опомена

Луис Хамилтон ја задржа победата на ГН на Германија и покрај тоа што стјуардите пресудија дека ги прекршил правилата кога одлучи наместо да влезе во бокс да се врати на патеката.

Луис Хамилтон сепак ќе може да се радува на триумф во Хокенхајм. По крајот на трката и церемонијата, Британецот беше повикан на разговор со стјуардите кои го истражуваа неговиот потег кога во последен момент се реши да не влезе во бокс и преку тревата се врати на патеката.

Стјуардите по прегледување и преслушување на видео и аудио снимките, како и разговор со самиот возач, пресудија дека актуелниот шампион ги прекршил правилата, но веруваат дека потегот кој го направи возачот е вреден само за опомена а не за построга казна, па тој ќе ја задржи победата.

Во своето образложение, тие велат дека возачот и тимот ја признале грешката, и дека имало конфузија во комуникацијата за тоа дали Луис Хамилтон да влезе во бокс или не. Исто така инцидентот се случил под безбедносно возило, маневрот бил изведен на безбеден начин и во ниту еден момент немало опасност по друг натпреварувач.

Гостиварскиот градоначалник од сограѓаните побара да бидат потолерантни кон однесувањето на печалбарите.

повеќе

Дента кога македонската делегација беше на пат за Нивици, Заев со себе требаше да понесе еден венец.

повеќе

Прашањето е претенциозно, интенционално и суштински погрешно формулирано, не го задоволува т.н. троен тест на единство и е итро, манипулативно и сугестивно.

повеќе