Гран при

Хамилтон ја прослави победата во Монако со скокање во базен (ВИДЕО)

Светскиот шампион во Формула 1, Луис Хамилтон, постигна емоционална победа на Големата награда на Монако, а потоа ја прослави својата победа со назадечко рипање во базен.

Хамилтон ја освои трката полна со настани во Монте Карло, откако го претрка веќе казнетиот Макс Верстапен.

Откако ги прими своите трофеи и уживаше во радосните восклици на толпата, Хамилтон одлучи дека е време да се брцне во базенот.

Говорејќи пред славеничкото капење, Хамилтон ѝ ја посвети својата макотрпна победа на австриската Ф1-легенда Ники Лауда, кој почина неделава.

„Ова беше дефинитивно најтешката трка што сум ја возел, но всушност се борев со духот на Ники“, изјави Хамилтон.

„Знаев дека ќе гледа надолу и ќе симне капа. Се обидував да останам фокусиран и да го направам горд“.

Најголемиот предизвик на секоја земја е развојот и одржувањето на здрава популација.

повеќе

Албанија и Северна Македонија уште ќе чекаат, една година откако блокот рече дека имаат шанси за разговори за членство, вели Политико.

повеќе

Ништо не ме научи повеќе за моите родители, а и за мене, од храната што тие ја обожаваа откако избегаа од Босна.

повеќе