Се подготвува голем трансфер

Хамилтон имал две средби со Ферари: Не гледам ништо лошо во тоа што размислувам за својата иднина

Луис Хамилтон може да направи голем трансфер во Ферари, Британецот имал две средби со тимот од Маранели и вели дека не гледа ништо лошо во тоа што размислува за својата иднина.

Старо-новиот шампион во Формула 1, Луис Хамилтон има договор со Мерцедес само уште за 2020, па подолго време се шпекулира дека Британецот би можел да се испроба во најпрестижниот тим, Ферари.

Газета дело Спорт пренесе дека оваа година, Луис Хамилтон дво два наврати се сретнал претседателот на Ферари, Џон Елкан. По победата во Абу Даби и финишот на сезоната, Британецот ги потврди ваквите написи.

„Не гледам ништо лошо во тоа што размислувам за мојата иднина. Ќе треба да почекаме, одлично ми е во Мерцедес и нема да брзам со одлуката. Мислам дека е мудро да седнам и да размислам што сакам во последната етапа од мојата кариера. Едно е јасно, сакам да продолжам да победувам, но навистина не знам што ќе се случи“ – вели Луис Хамилтон.

Првиот човек на Мерцедес Ф1 тимот, Тото Волф сепак не е загрижен и верува дека ќе успеат да го обноват договорот на Луис Хамилтон.

„Ова е слободен свет, па прифаќам дека секој треба да види какви опции има и да донесе најдобра одлука за себе. Затоа немам никаков проблем. Возачите секогаш ќе се обидуваат да бидат во најбрзиот болид, и тимот кој го има најбрзиот болид секогаш ќе се обидува да го ангажира најдобриот возач“ – вели Тото Волф.

Оваа администрација нема намера Скопје во догледна иднина да стане одржлив зелен град и тоа е јасно одразено во буџетот за 2020 година.

повеќе

Излегува дека само Македонците на овој свет се должни пред сè да се грижат за правата на сите други луѓе и на крајот да размислуваат (но само да размислуваат) за себе.

повеќе