Формула 1

Хамилтон и Мерцедес доминираа во Мелбурн, Фетел изненаден од брзината на „сребрената стрела“

Првиот ден од викендот во Австралија започна со доминација на Луис Хамилтон и Мерцедес, Себастијан Фетел е изненаден од брзината на „сребрената стрела" во Мелбурн.

Ферари доминираше на тестирањата во Барселона, многумина веруваа дека тимот од Маранело најдобро сработил зимава, а признание дојде и од Мерцедес.

Сепак, сликата беше сосема поинаква на првиот ден од викендот во Австралија и премиерната трка од новата сезона. Луис Хамилтон и Мерцедес беа најбрзи на двата слободни тренинга.

И додека разликата не беше голема на првиот, на вториот ривалите заостануваа 0,8 секунди. Ваквиот развој на настаните го изненади Себастијан Фетел, кој вели: „Изгледаат прилично силно, и што е поважно, многу посилно од она што говореа пред стартот на викендот. Беа едно скалило погоре од сите други“.

Но најголемиот дел од луѓето во падокот сметаат дека Ферари е тој кој сега не ги открива сите адути во Мелбурн и намерно биле толку бавни денеска.

Кризата на вредности влијае негативно на балансот помеѓу императивот за слобода и потребата за безбедност, стеснувајќи го либералниот простор на современо конципираните општества.

повеќе

Mора да се научиме како да ги градиме политиките кои ќе водат кон осврт на сите теми важни за градење позитивен мир, но и реторички да останеме конзистентни на она за што се залагаме.

повеќе

Во изминатите 24 години откако Македонија и САД воспоставија официјални дипломатски односи, македонско-американските трговски врски растат бавно, но сигурно.

повеќе