Формула 1

Хамилтон го доби Верстапен во Барселона, Британецот се радува на пол позицијата број 100!

Луис Хамилтон беше подобар од Макс Верстапен за 36 илјадитинки во квалификациите за ГН на Шпанија, Британецот се радува на пол позицијата број 100.

Возбудливи квалификации во Барселона, Луис Хамилтон ја доби битката со Макс Верстапен и се радуваше на пол позицијата број 100.

Холанѓанецот во втората сесија покажа дека има капацитет да стартува од прво место, но кога најмногу требаше, беше за нијанса побавен.

Во првото излегување во третата сесија, Луис Хамилтон постигна време од 1:16.741 а Макес Верстапен со време од 1:16.777, заостануваше само 36 илјадитинки. Во второто излегување на патеката, двајцата не успеаја да се подобрат, па Британецот се радуваше на нов успех.

Валтери Ботас не можеше да им парира, па мора да се задоволи со старт од третото место, а друштво во вториот ред ќе му прави Шарл Леклер.

Потоа следуваат Естебан Окон, Карлос Сианц, Даниел Рикардо, Серхио Перез, Ландо Норис и Фернандо Алонсо.

Во последните 30 години сите политички партии, независно од тоа колку демократски се претставуваат во своите програми, на државата гледаат како на инструмент, што е пак првиот сигнал, чекор кон авторитарност.

повеќе

Ако денес направиме една историска книжевна паралела, драмското дело на Стефановски ќе го квалификуваме како антологиски бисер, кого и сегашните и идните генерации ќе го чуваат како неодминлив столб на целокупната македонска драмска литература.

повеќе

За првпат во историјата на албанската демократија, една иста партија ќе биде на чело на земјата три последователни мандати. 

повеќе