Формула 1

Хамилтон до пол-позиција и во Муџело, Ботас немаше среќа

Луис Хамилтон стигна до пол-позцијата број 95 откако беше најбрз на квалификациите во Муџело, Валтери Ботас немаше среќа и мораше да се задоволи со старт од второто место.

Муџело за прв пат е домаќин на Формула 1, но квалификациите не донесоа ништо ново. Мерцедес одново беше далеку пред другите, Макс Верстапен покажа заби во првата и втората сесија, но Холанѓанецот не можеше да им парира на возачите на „сребрената стрела“ во третата сесија.

Валтери Ботас беше најбрз на слободните тренинзи, но Финецот денеска немаше среќа, во последниот брз круг мораше да забави поради жолто знаме и не можеше да атакува на пол-позицијата, која му припaдна на Луис Хамилтон со време од 1:15.144.

За Британецот ова беше пол-позиција број 95, па тој сега е голем фаворит за триумф во утрешната трка.

Жолтото знаме го разочара Валтери Ботас, но донесе среќа за Шарл Леклер, кој се избори за старт од третиот ред, покрај Ленс Строл, кој заврши како седми, но ќе напредува една позиција поради казната на неговиот тимски колега Серхио Перез.

Потоа следуваат Даниел Рикардо, Карлос Саинц и Естебан Окон.

И Софија ќе треба да не го запре македонското евро-интегрирање на самиот почеток – и Скопје ќе треба да ја декомунистицира и дејугословенизира својата елита, економија, политика, наратива и медиуми.

повеќе

На светов има доволно место и за доктори и за антиваксери, и за научници и инженери, како и за рамноземјани и антимаскери, за уметници и фантазери.

повеќе

Во Законот кој е предложен воопшто не се цели на попишување на реалната состојба на терен, туку се цели на попишување на сите возможни граѓани заради задоволување на политички цели.

повеќе