ФОРМУЛА 1

Хамилтон до нов триумф во Силверстоун, голем пех за Фетел во претпоследниот круг

Луис Хамилтон се доближи на само еден бод до Себастијан Фетел откако поладнево славеше на ГН на Британија а Себастијан Фетел имаше голем пех во претпоследниот круг и заврши како седми

Луис Хамилтон веројатно не можеше да посака подобра трка пред домашната публика, Британецот победи на Силверстоун а конкурентот за титулата Себастијан Фетел имаше пех во последниот круг и заврши како седми.

Па сега разликата во генералниот пласман е само еден бод во корист на Германецот.

Возачот на Мерцедес без проблеми, и на чело од прв до последен круг, стигна до нов триумф во Силверстоун.

Зад него, Кими Раиконен долго време беше на втората позиција, но проблемите со предниот лев пневматик го принудија да влезе во бокс, па Валтери Ботас како втор мина низ целата, а последното место на пиедесталот беше резервирана за популарниот „Ајсмен“.

Сличко како и Кими, и Себастијан Фетел имаше проблем со предниот лев пневматик во претпоследниот круг.

Овој пех сепак Германецот го чинеше многу повеќе, и наместо како четврти, Фетел заврши како седми и загуби драгоцени бодови во трката за титулата.

Во бодови уште завршија Макс Верстапен, Даниел Рикиардо, Нико Хулкенберг,  Естебан Окон, Серхио Перез и Фелипе Маса. 

Еден проблем кај Трамп е тоа што му е опсесија да изгледа „силен".

повеќе

Меѓу најпосетените места во градот сѐ уште на прво место и меѓу главните мотиви поради кои доаѓаат туристите во Крушево е вечното почивалиште на Тоше Проески, спомен куќата изградена во чест на него, Манастирот Св. Преображение и многу други.

повеќе

„Москва се труди да протурка слика за себе како благонаклонет партнер и заштитник на сувереноста и на православното христијанство антитеза на Западот што 'цело време се меша таму кај што не му е местото'.

повеќе