Доминација на Хабиб Нурмагомедов

Хабиб се врати и потврди дека е најдобар, го победи Порие со давење (ВИДЕО)

Хабиб Нурмагомедов ја имаше првата порба по суспензијата откако го совлада Мекгрегор, овој пат борецот од Дегестан беше доминантен над Џастин Порие кого исто како и Конор го победи со давење.

Хабиб ја потврди шампионската титула во лесна категорија во УФЦ откако во третата рунда со давење го победи Џастин Порие.
 
Нурмагомедов беше доминантен од почетокот на борбата и само прашање на време беше кога таа ќе заврши во негова полза. Тоа се случи во втората минута од третата рунда кога Хабиб го изведе клучниот зафат, а на Порие не му остана ништо друго освен да се предаде.
 
Хабиб сега има серија од 12 победи без пораз. 
 
„Сакам да го заборавам тоа срање со претходниот (Мекгрегор) со кој се борев. Јас и Џастин Порие покажавме дека ММА е спорт во кој треба да има почит а не „плукање“ пред да почне борбата“, изјави Хабиб меѓудругото по заврувањето на борбата.
 
Фановите на УФЦ очекуваат и посакуваат следен негов противник да биде Тони Фергусон, дуел за кој постојано се зборува но никако да се случи. 
 

Навивачите на Шкендија, „балистите“, уште еднаш ќе навиваат против земјата во која живеат. Овојпат нивната поддршка ќе ја има Косово, кое на 26 март во Скопје ќе излезе на исклучително важен дуел против Македонија.

повеќе

Не ми се верува дека кај нас некој си одбор дебатирал и одлучувал за ова ребрендирање. Повеќе ми личи на пост-празнична летаргија.

повеќе

Потребна е промена на Законот за влада и на Изборниот законик, со која ќе се воведе правилото избор на автентична техничка влада која би владеела за време на изборниот процес, од распуштањето на парламентот до формирањето нова влада односно за време на изборната кампања.

повеќе