По инцидентот во Даблин

Хабиб: Мекгрегор треба да оди во затвор, што ќе се случеше ако јас го удрев човекот во пабот?

Хабиб Нурмагомедов смета дека Конор Мекгрегор треба да оди во затвор за инцидентот во пабот, медиумите и државата се премногу толерантни кон Ирецот.

Синоќа се појави видео во кое Конор Мекгрегор со бокс удира човек кој одби да се напие од неговото виски во паб во Даблин.
 
Ривалот на Мекгрегор, Хабиб Нурмагомедот со чудење го искоментира инцидентот.
 
„Ова е лудо. Сите медиуми молчат. Никој не постира за тоа. Не можам ни да замислам што ќе се случеше ако јас го удрев човекот, колку многу медиуми ќе зборуваа за мене. Ова многу, многу лоша работа. Овој стар човек од видеото и да ве удри во лице 10 пати вие не смеете да му вратите. Не смеете. Ова е неверојатно. Треба да ги почитуваме луѓето. Не разбирам“, вели Хабиб.
 
„Еден пријател ми пиша. Вели: Се сеќаваш ли кога тој се обиде да ти даде од неговото виски и ти одби? Зошто тогаш тебе не те удри? Како може да удира стари луѓе. Не го разбирам тоа“.
 
„Мислам дека таквите луѓе треба да одат во затвор. Треба да оди во затвор. Што прави ирската влада? Ние од Русија имаме проблем со виза, но зошто овој серко нема проблем со виза за САД? Како САД може да му даде нему виза или на некој таков? Овие луѓе треба да одат во затвор“.

Деликатна јазична авантура е ако се излезе од основното и утврдено значење на зборовите и се прејде во сферата на жаргонот и колоквијалноста.

повеќе

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе