УФЦ

Хабиб како вистински џентлмен му даде поддршка на Тони Фергусон (ФОТО)

Хабиб Нурмагомедов му даде поддршка на Тони Фергусон кој доживеа тежок пораз од Џастин Гејчи. 

Хабиб и Фергусон требаше да се борат на УФЦ настанот кој помина. Но Нурмагомедов немаше како да допатува во САД поради затворените граници, тој остана во својата земја, а на негово место влезе Џастин Гејчи.
 
Пет пати досега од различни причини се откажува меч меѓу Хабиб и Фергусон, овие двајца борци никако да се пресметаат во октагонот.
 
И овој пат пред нивниот закажан, но неодржан дуел претходеа многу вербални преписки. Но Хабиб сето тоа го остава зад себе и упати мотивирачка порака кон Фергусон по неговиот пораз од Гејчи.
 
„Без разлика што се случуваше во минатото. Тони, главата горе, се надевам дека се е добро со тебе и твојата фамилија. Кога твојот син ќе порасне, ќе биде горд на тебе“, напиша Хабиб на својот твитер профил.
Поразот на Тони Фергусон значи дека тие двајца нема да се сретнат оваа година. Следната борба на Хабиб треба да биде против Гејчи.

Кога ќе заврши пандемијата, очекувајте државите да се вратат со поголема власт и поголем легитимитет.

повеќе

Откако не успеа во приказот на Мицкоски како екстензија на Груевски и на опозицијата како „анти-западна“, со изјавите неделава Заев покажува дека негов рецепт за изборна победа е само што помала излезност без учество на опозицијата.

повеќе