„Проколнат“ е мечот меѓу двајцата големи борци

Хабиб е заглавен во Русија, борбата против Тони Фергусон пропаѓа

Епската борба меѓу Хабиб Нурмагомедов и Тони Фергусон која беше закажана за 18 април нема да се одржи поради ситуацијата со коронавирусот, ова е петти пат да е откажан дуел меѓу овие двајца големи борци. 

Борбата требаше да се одржи без публика, но проблем се затворените граници и неможноста за патување од една земја во друга.
 
Дуелот меѓу Хабиб и Фергусон го доби прекарот проколнат бидејќи ова е петти пат како е закажана борба меѓу нив а од разни причини не се случува.
 
Настанот можеби нема да биде одложен, но Тони Фергусон наместо Хабиб за противник ќе има друг борец.
 
„Трениравме без никаква информација каде и дали ќе се одржи борбата“, вели Хабиб за „Раша тудеј“.
 
„Потоа УФЦ ни кажа дека борбата 100% нема да се случи во САД. И рекоа дека 99% ќе се случи во Емиратите, Абу Даби“.
 
„Поради тоа одлучивме да одлетаме во Емиратите еден месец пред борбата, не знам која дата беше точно, дали 19ти или 20ти, треба да проверам. Но кога слетавме таму тие ги затвораа границите. Никој не може сега ниту да слета ниту да одлета од таму со исклучок на нивните жители“.
 
„Па се вративме во Русија. Во моментов сум во Дагестан и тренирам, се подготвувам секој ден иако не знам за што се подготвувам. Кога дојдовме во Русија исто дознавме дека границите ќе бидат затворени. Исто како во САД, исто како во Европа, Емирати, секаде. Целиот свет е во карантин во моментов“.
 
„Дознав дека тие ќе го организираат настанот без мене. Во ред“.
 
„Секој треба да ги следи законите. Јас не сум против тоа, знам дека борците треба да ги хранат своите фамилии и да платат сметки. Знам колку е тешко за борците. Ако не се борат нема да земат пари“.
 
„Слушнав дека му бараат нов противник на Тони бидејќи тој е во САД а јас сум во Русија. Но јас не сум тука по моја желба“.
 
„Не знам што ќе се случува. Навистина е тешко да тренирате и да ја одржувате тежината кога целиот свет е заклучен и не знаете за што се подготвувате“.

Бизнис заедницата која до пред некој месец постојано „трубеше“ како државата не треба да ѝ се меша во работата, веднаш почна да плаче за државна помош.

повеќе

Кога може оние кои пукаа по нас, оние кои ги убија Аце, Коки и Оливер да бидат на слобода, зошто не би бил помилуван и ти?

повеќе

Го регистрираме името Јунајтед Маседонианс и тогаја сетне почнаме да прајме отворени Илинденцки пикници – македонцки илинденцки, не со Богарите. Сами ние Македонци и народо трна.

повеќе