Му се заканува затворска казна од 1 до 3 години

Грузијците го уапсиле 27. тенисер во светот, ја претепал поранешната сопруга пред очите на детето

Актуелениот светски рекет број 27, Николоз Басилашвили бил уапсен во Тбилиси под обвинение дека ја претепал поранешната сопруга и тоа пред очите на детето.

Најдобриот грузиски тенисер бил уапсен на 22. мај во главниот град Тбилиси под обвинение дека ја претепал поранешната сопруга Нека Дорокашвили и тоа пред очите на детето. Инцидентот се случил еден ден претходно (21. мај). 

Николоз Басилашвили денеска е пуштен да се брани на слобода откако платил кауција од 100.000 грузиски лари (нешто над 30.000 евра). 

Според законите во Грузија, за домашно насилство пред очите на дете може да се добие затворска казна од една до три години. Предвидена е и поблага казна од 200 до 400 часа општествено корисна работа. 

Во својата кариера, Николоз Басилашвили има освоено три АТП 500 титули и заработено околу 5,5 милиони долари во награди. Негов најдобар пласман беше во мај 2019 (број 16 на АТП листата), а во моментов е светски рекет број 27.

Дали е аксиом дека со членството во НАТО е гарантирана безбедноста на Македонија? Дали почеток на преговори значи и отворен пат за членство во ЕУ?

повеќе

Што е со оние граѓани кои не се вклопуваат во нашиот (би)етнички дискурс?

повеќе

Постојат различни фактори кои влијаат на нивото на ризик кога станува збор за перење пари. Тоа може да биде од клиенти, региони, производи или ризик од финансиски инструменти. Разбирањето на овие ризици, како и факторите што придонесуваат, им овозможува на надлежните органи многу поефикасно да се заштитат од перење пари поврзано со корупција.

повеќе