Гледаат тенис а навиваат како на фудбалски меч

Грчки навивачи исфрлени од Австралија Опен

Бројни грчки фанови се изфрлени од трибните на Австралија опен иако претходно добија предупредување од нивниот тенисер Стефанос Циципас дека не треба да се однесуваат како да се на фудбал. 

Како и на секој Австралија Опен, фановите на балканските тенисери се однесуваат несвојствено за тениски мечеви, тие се гласни, навиваат како на фудбалски натпревари поради што од нив се жалат и останатите навивачи, но и тенисерите.
 
Овој пат во центарот на вниманието се грчките фанови. Тие беа гласни на мечот на Стефанос Циципас кој откако заврши ги потсети своите навивачи дека се на тенис, не се на фудбал и треба да го намалат тонот на навивање.
 
Но Грците си продолжија по свое и на мечот меѓу нивната тенисерка Марија Сакари со Јапонката, Нао Хибино.
 
Полицијата на Викторија потврди дека исфрлила група меѓу 15-20 луѓе поради нивното недолично однесување.
 
„Групата доби бројни предупредувања од судијата, обезбедувањето и полицијата за време на мечот на теренот 8, откако не се смирија беа исфрлени од гледалиштето“, потврди портпаролот на полицијата.
 

Десензитивизацијата на Американците кон вртоглаво зголемениот број на жртви во пандемијата ја оправдува познатата опсервација на Јосеф Сталин: „Една смрт е трагедија; еден милион е статистика “. 

повеќе

Практичната имплементација на владината стратегија „едно општество за сите“, која на хартија има добри намери, е засенета од неуспешната борба против корупцијата и организираниот криминал.

повеќе

Веќе четврта деценија штом општеството се фокусира на македонско-бугарските или македонско-албанските односи, на улиците излегуваат навивачките групи со навредливиот репертоар. Спонтано? Ајде, Ве молам.

повеќе