Олимписки игри

Град Скопје ќе го награди Дејан Георгиевски со 300.000 денари

Парична награда за македонскиот олимпиец, Дејан Георгиевски кој напарави историски успех, ќе има и од градот Скопје. 

Дејан Георгиевски кој на Македонија ѝ донесе сребро од Олимписките игри од Токио, ќе добие награда и од својот град Скопје.
 
„На иницијатива на градоначалникот Шилегов, Град Скопје ќе му додели парична награда во износ од 300.000 денари на добитникот на сребрениот медал во теквондо (категорија над 80 килограми) на Олимписките игри во Токио, Дејан Георгиевски. Оваа одлука ќе се најде на дневниот ред на следната седница на Советот на Град Скопје“, соопштија од Град Скопје.

Размислуваме како можеме да ја заштедиме и заштитиме водата, но само додека немаме вода!

повеќе

Во последните 30 години сите политички партии, независно од тоа колку демократски се претставуваат во своите програми, на државата гледаат како на инструмент, што е пак првиот сигнал, чекор кон авторитарност.

повеќе

Ако денес направиме една историска книжевна паралела, драмското дело на Стефановски ќе го квалификуваме како антологиски бисер, кого и сегашните и идните генерации ќе го чуваат како неодминлив столб на целокупната македонска драмска литература.

повеќе