Охридски маратон

Горан Стојановски: Маленко остави голем долг од минатиот Охридски маратон

Претседателот на Националната пливачка федерација, Горан Стојановски во изјава за МКД.мк изрази надеж дека Охридскиот маратон сепак ќе се одржи и го потенцираше долгот кој го направил Александар Маленко. 

Проблемите во пливачката федерација траат со години, некое време имавме и две паралелни пливачки федерации, едната ја водеше Александар Маленко и токму таа ја имаше лиценцата од ФИНА да ги организира Охридските маратони.
 
„Од минатиот Охридски пливачки маратон кога претседател беше Александар Маленко имаме многу неплатени долгови кои ни се префрлени нам. Имаме неплатена фактура од околу два милиони денари од хотелот Метропол Охрид каде што беа сместени пливачите и раководството. Имаме неплатен долг за Ковид тестови кој изнесува околу 65.000 денари, тоа е побарување од Центарот за јавно здравје. Имаме побарување за долг од печатницата каде што се печателе маици, таа фактура е во износ од околу 100.000 денари. Имаме долг кон ФИНА од 5.000 долари за неиспалтени награди на пливачите“, вели претседателот на НПФ, Горан Стојановски за МКД.мк.
 
„Тоа што е блокирана сметката не е ништо ново, таа е блокирана веќе десетина години, се работи за сума од 100.000 евра. Проблемот се пренесува од едно на друго раководство, но еден ден мора да се реши. Се надевам дека државата ќе го спаси пливањето. Со Томи Стефановски го даваме максимумот за да го вратиме вистинскиот сајај на овој спорт“.
 
„Од институциите ќе зависи дали ќе се одржи маратонот, не е се загубено, јас не сакам мене да ми остане оваа дамка, кога сум јас претседател да се прекине една ваква традиција која трае со децении“.
 

Доколку чувствуваме дека нашиот труд ќе биде награден со успех, ќе ѝ приоѓаме на околината со апетит, доверба и храброст.

повеќе

Од општи формулации кон конкретни разговори.

повеќе

„Вчерашниот ден измина, утрешниот допрва доаѓа, го имаме само денес - да започнеме“.

повеќе