Алкараз важи за наследник на Надал, а веќе почна да го победува својот легендарен сонародник.
Првиот сет го доби Алкараз убедливо со 6-2, а во вториот Надал беше уште поубедлив, го доби со 6-1 и израмни на 1-1 во сетови.
Во третиот решавачки Алкараз победи со 6-3 и се пласираше во полуфиналето а таму ќе игра со Новак Ѓоковиќ кој претходно беше подобар од Хуркач.
Ѓоковиќ славеше лесно со 2-0 во сетови, 6-3 во првиот и 6-4 во вториот сет.
До крајот на денот треба да се одиграат уште две четвртфинални двојки, Рубљов - Циципас и Оже Алиасим - Зверев.