Големците играат маестрален меч

Големата битка меѓу Ѓоковиќ и Надал продолжува денес

Новак Ѓоковиќ и Рафаел Надал синоќа започнаа супер интересен меч, српскиот тенисер води со 2-1 во полуфиналната борба која ќе продолжи денес.

Поради екстремно долгиот меч на Андерсон и Иснер, јасно беше дека Ѓоковиќ и Надал нема да го завршат во еден ден нивниот меч. Двајцата големци успеаја да одиграат три сета до полноќ кога мечот мораше да прекине.
 
Ѓоковиќ на Вимблдон покажа дека ја враќа старата шампионска форма, најдобар доказ за тоа е мечот со Надал. Двајцата играа маестрален тенис кој ќе продолжи денес.
 
Ѓоковиќ го доби првиот сет со 6-4, во вториот Надал врати со 6-3, во третиот се играше тајбрејк кој го доби Србинот со 11-9.
 
Натпреварот денеска продолжува од 14 часот, големото финале е утре од 15 часот.

Можевме и требавме, преку соодветните локални власти и во соработка со МНР и Министерството за култура, оваа манифестација да ја направиме меѓународна.

повеќе

Еден проблем кај Трамп е тоа што му е опсесија да изгледа „силен".

повеќе

Меѓу најпосетените места во градот сѐ уште на прво место и меѓу главните мотиви поради кои доаѓаат туристите во Крушево е вечното почивалиште на Тоше Проески, спомен куќата изградена во чест на него, Манастирот Св. Преображение и многу други.

повеќе