Капитенот одигра неверојатен меч

Ѓорѓиев: Овие момци имаат срце како планина!

Македонските одбојкари испишаа историја остварувајќи ја првата победа на Европските првенства, а капитенот Никола Ѓорѓиев беше вистински предводник.

Со фантастични 37 поени Никола Ѓорѓиев ја предводеше Македонија до историски успех, прва победа на Европските првенства. Тој е пресреќен по триумфот и верува дека и утре против Словенија можеме да одиграме голем меч.
 
„Многу сум среќен, ова е моја репрезентација, оваа е мој тим, затоа бев многу тажен по мечевите кои ги загубивме, знаев дека можеме многу подобро. Можеби тоа што се зборуваше дека ова е историја ни создаваше некоја тежина, можеби целата оваа атмосфера околу нас беше причина за поразите, потребно беше да одиграме три натпревари, да имаме ден одмор и потоа да покажеме што можеме. Ова е голема, величествена победа. Овие момци имаат срце како планина“, вели капитенот Никола Ѓорѓиев.
 
„Сега следува меч со Словенија, мислам дека ќе одиграме уште еден добар натпревар. Против нив сме играле добро во минатото иако тие почесто победувале, но верувам дека утре можеме да одиграме добар натпревар“. 
 

Ајде од понеделник да се посветиме сериозно на „носење на Европа" во нашата држава.

повеќе

Улогите на „добар и лош полицаец“ ќе ги играат кон нас уште долго, доколку не сфатиме дека со итроманска политика не се може подалеку од Табановце до Богородица.

повеќе

Неделава, владите на ЕУ повторно решија да го одложат започнувањето на преговорите за пристапување со земјите кандидати Албанија и Северна Македонија, што претставува историска грешка - бидејќи безбедноста и стабилноста на Унијата зависат од трансформацијата на југоистокот.

повеќе