Македонските одбојкари се пласираа на Европско првенство

Ѓорѓиев: Навистина играме светска одбојка, пресреќен сум!

Капитенот на македонската одбојкарска репрезентација, Никола Ѓорѓиев не го криеше задоволството по пласманот на ново Европско првенство кое го заверивме со голема победа над Турција. 

Македонските одбојкари одиграа фантастичен меч против Турција и се пласираа на второ европско првенство по ред.
 
„Заслуживме да играме на второ Европско првенство. Навистина играме светска одбојка, одигравме кога беше најтешко, кога требаше да победиме, победивме. Тргнавме со победа над БиХ но со бледа партија, сепак како одминуваа мечевите игравме се подобро и подобро и тоа кулминираше денеска. Пресреќен сум, отсекогаш во кариерата најважен ми бил континуитетот, сега сме на второ Европско првенство со што ја задржуваме константноста, се надевам дека пред нас се уште многу европски првенства и дај боже Светско“, вели Ѓорѓиев.
 
„Кога бев мал Македонија не играше многу на големите натпреварувања па моравме да навиваме за други, Бразил, Србија, Хрватска... А сега пред нас е преубаво лето. Имаме Европско првенство во фудбал, ние ќе играме на Европско првенство, ракометарите во моментов играат на СП и дај боже да се пласираат во втор круг, кошаркарите ги чекаат квалификации, имаме Олимписки игри на кои се надевам дека Емил Павлов кој ми е како брат ќе освои медал, ако не тој, некој друг... Очигледно е, спортот ја спојува нацијата“.

Во САД и некои други земји, припадниците на загрозените расни и етнички малцинства имаат пократок животен век од просечниот, и поради тоа не се доволно застапени меѓу оние за кои најмногу се очекува дека ќе починат од ковид-19.

повеќе

Предвидувањата за тоа дека ќе дојде денот кога Бугарија ќе ги искористи пасошите кои Софија така лесно им ги даваше на македонските државјани почнуваат да се остваруваат.

повеќе

Реакцијата на семејството и блиските во однос на пандемијата е пресуден фактор кој влијае на емотивната состојба, размислувањата и однесувањето на младите.

повеќе