Капитенот вели дека ова е најдобриот меч на Македонија

Ѓорѓиев: Многу ми е мерак, сакав да заплачам но немам солзи од замор

Капитенот Никола Ѓорѓиев е полн со емоции, тој е пресреќен по големиот триумф против Словенија.

Никола Ѓорѓиев ги предводеше одбојкарите до уште една голема победа, оваа беше уште потешка бидејќи противник ни беше домаќинот Словенија кој е и еден од кандидатите за медал на Европското првенство.
 
„Баш ми е мерак. Два пати со нив имавме водено 2-1 и губено со 2-3, но сега се се врати. Ние имаме срце како планина. Како минуваше времето знаев дека ќе играме се подобро. Можеме, знаеме, никогаш не губиме и не играме лошо во добра атмосфера. Многу сум среќен, сакав да заплачам, но немав солзи од замор. Ова е најдобриот натпревар и психички најтешкиот откако сум дел од репрезентацијата. Сите одигравме добро, немаше слаб играч во нашата селекција“, изјави Никола Ѓорѓиев.
 

И покрај тврдењата на американскиот претседател Доналд Трамп, американската разузнавачка заедница веќе долго време ја смета појавата на пандемии како една од најголемите закани.

повеќе

Кога ќе заврши пандемијата, очекувајте државите да се вратат со поголема власт и поголем легитимитет.

повеќе