Популарните „Спартанци“ испишаа историја

Ѓорѓиев: Македонија на Европско првнество... ова не се мери со ништо друго!

Капитенот на Македонија, Никола Ѓорѓиев не ја криеше радоста по големиот подвиг на одбојкарската репрезентација и избореното учесто на континенталниот собир.

Популарните „Спартанци“ се изборија за историски успех и пласман на Европското првенство откако денеска ни се насмевна среќата, резултатите на другите мечеви беа во наша полза, а и ние рутински ја завршивме работата и со 3-0 ја добивме пресметката со Унгарија.

Радоста кај „црвено-жолтите“ беше огромна, особено кај Никола Ѓорѓиев кој вели дека ова е остварување на сонот. 

„Ова е сонот и круна на една генерација. Ова е најубавиот ден во мојот живот по раѓањето на мојат аќерка. Македонија на Европско првенство, ова не се мери со титули или нешто друго“ - изјави капитенот на националниот тим.

„По поразот од Хрватска минатото лето, ни беше тешко, немав многу желба за одбојка. Но еве сега се радуваме. Горд сум на Македонија, на сите што не поддржуваа и се надевам дека во сите спортови ќе играме на големи собири“.

Во услови на партиска деполаризација на граѓаните, политичките елити во Македонија треба да пристапат кон помирување и ненасилно решавање на сите меѓусебни конфликти, за земјата да не се врати на патот на поделба.

повеќе

Помина веќе еден месец од објавувањето на документите на Викиликс на кои сите прочитавме дека Никола Димитров бил „заштитен извор на информации“ на САД. Засега, од обвинителството нема никаков одговор.

повеќе

Неопходно е да се надминат бариерите кои во моментов се присутни во регулаторната, политичката, финансиската и пазарната рамка и кои го кочат напредокот кон обновливите извори на енергија.

повеќе