Капитенот жестоко реагираше

Ѓоргиев е бесен на ОФМ по селекторската смена: Срамота и греота е!

Капитенот на македонската одбојкарска репрезентација го крена гласот по смената на селекторот Никола Матијашевиќ. 

Пред настап на Европско првенство, Одбојкарската федерација на Македонија одлучи да го смени селекторот кој ги донесе најголемите успеси во овој спорт за нас досега. На местото на Никола Матијашевиќ, беше назначен Душко Николиќ.
 
Капитенот Никола Ѓоргиев е гневен поради оваа одлука на ОФМ и смета дека таа е неправедна.
 
„Срамота и греота е! Две Европски првенства... Пред четири години сонувавме за ЕП. Изгледа со некои луѓе во ОФМ сѐ е можно. Браво!“, напиша Ѓоргиев на социјалните мрежи.

Дали и колку градовите им служат на интересите на своите граѓани (демократија) или на елитите кај кои се концентрира капиталот (авторитарност)?

повеќе

Освен тоа што муралите се моќно средство за комуникација, тие можат да бидат и предмет на манипулации, па и пропаганда, подигање тензии и продлабочување на недоразбирањата во БиХ.

повеќе

Процесот на донесување на буџетот ме потсетува на една изрека на поранешниот државен секретар на трезорот на САД, Џејкоб Лу (Jacob Lew) кој вели дека „Буџетот не е само колекција на бројки, туку израз на нашите вредности и аспирации“.

повеќе