ИТФ фјучрс Анталија

Ѓорческа се пласира во четвртфиналето на турнирот во Анталија

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа се пласираше во четвртфиналето на ИТФ фјучерсот во Анталија. 

Македонската тенисерка е втора носителка на турнирот вреден 15.000 долари, во второто коло таа ја победи Швајцарката Дарст со 6-2 и 6-4.
 
Во четвртфиналето Лина ќе игра против бугарската тенисерка Аршинкова која е петта носителка на турнирот.
 
Ѓорческа паралелно игра и на турнирот во двојки каде заедно со Хрватската Дражиќ како први носителки ќе играат со Ујар (Турција) / Каратанчева (Бугарија).

ЕУ, свесна за демократскиот дефицит на земјите од Западниот Балкан (но и останатите, претежно економски проблеми), како да тежнее кон формирање блиски, но и специфични односи со овој регион, без полноправно членство.

повеќе

Нарушени се човековите права и слободи, нема владеење на правото и правосудството, кои треба да бидат основа на процесот.

повеќе

Поентата на глобализмот е максимално економско вмрежување во десетици економски сојузи на секоја држава.

повеќе