Македонската тенисерка повторно освојува трофеи

Ѓорческа освои нова титула во двојки, овој пат во Минск

Брзо по трофејот во Есен, најдобрата македонска тенисерка триумфираше во двојки и на ИТФ фјучрсот во Минск. 

Лина Ѓорческа заедно со Анастасија Комардина од Русија победија во финалето во Минск во еден возбудлив и неизвесен меч против домашните тенисерки Илона Кремен и Ирина Шиманович.
 
Лина и Анастасија го загубија првиот сет во тајбрејк со 7-4, вториот го добија со 6-4, а во одлучувачкиот специјален тајбрејк победија со 10-8.
 
Турнирот во Минск беше со награден фонд од 25 илјади американски долари.
 

Силите на антиглобализацијата веќе стануваат доволно моќни да и зададат значаен удар на светската економија. 

повеќе

Не се соочуваме со вооружен конфликт, туку со војна на мисли. Чувството на страв, несигурност или територија по самоубиствен напад, никогаш повеќе не можеш да го вратиш.

повеќе