Ѓорческа е одлична во Севиља, обезбеди полуфинале во сингл и финале во двојки

Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа денеска имаше одличен ден на турнирот во Севиља откако обезбеди полуфинале во сингл конкуренција и финале во двојки. 

Ѓорческа во денешното четвртфинале во сингл ја победи четвртата носителка Шиникова од Бугарија.
 
Бугарката го доби првиот сет со 6-4, но следните два ѝ припаднаа на македонската тенисерка со идентични 6-3.
 
Во полуфиналето Ѓорческа ќе игра со руската тенисерка Елина Аванесијан која е на 305 место на ВТА листата.
 
Ѓорческа со својата партнерка Лукас без игра се пласираа во финалето на турнирот во двојки откако нивните противнички Хобгарски и Шиникова се откажаа.

Ние Македонците од село Гореме, општина Струмјани, го поздравуваме народот покрај Вардар (барем реката сѐ уште е таму) и се „восхитуваме" на дејствувањата на мудрите мажи на државата.

 

повеќе

Земјите треба да бараат начини за градење мостови и унапредување на билатералните економски врски, а не да гледаат во минатото и да му наметнуваат на македонскиот народ поинаков идентитет или историски наратив.

повеќе

Tочната искористеност и капацитет на водните ресурси во државата e невозможно прецизно да се пресмета заради недостиг на континуирани хидролошки мерења и мониторинг на квалитетот на водите.

повеќе