АТП Белград

Ѓоковиќ загуби во финалето, Рубљов го крена пехарот во Белград

Новак Ѓоковиќ со 2-1 во сетови го загуби финалниот меч на АТП турнирот во Белград, рускиот тенисер Андреј Рубљов е победникот. 

Ѓоковиќ на патот до финалето сите три меча ги доби со пресврт, го губеше првиот сет, а потоа ќе ги добиеше следните два и ќе победеше. Така почна и овојпат, но не успеа да направи пресврт.
 
Рубљов го доби првиот сет со 6-2, а вториот по голема борба му припадна на Ѓоковиќ кој го зема сетот во тајбрејк со 7-4.
 
Дотогаш се одеше по проверениот рецепт, но во третиот решавачки сет Ѓоковиќ не успеа да земе ниту еден гејм, загуби со 6-0 и го загуби мечот со 2-1 во сетови. Пехарот замина во витрината на Рубљов.

Доколку чувствуваме дека нашиот труд ќе биде награден со успех, ќе ѝ приоѓаме на околината со апетит, доверба и храброст.

повеќе

Од општи формулации кон конкретни разговори.

повеќе

„Вчерашниот ден измина, утрешниот допрва доаѓа, го имаме само денес - да започнеме“.

повеќе