Ѓоковиќ на патот до финалето сите три меча ги доби со пресврт, го губеше првиот сет, а потоа ќе ги добиеше следните два и ќе победеше. Така почна и овојпат, но не успеа да направи пресврт.
Рубљов го доби првиот сет со 6-2, а вториот по голема борба му припадна на Ѓоковиќ кој го зема сетот во тајбрејк со 7-4.
Дотогаш се одеше по проверениот рецепт, но во третиот решавачки сет Ѓоковиќ не успеа да земе ниту еден гејм, загуби со 6-0 и го загуби мечот со 2-1 во сетови. Пехарот замина во витрината на Рубљов.