Ѓоковиќ го стартуваше турнирот со две победи, па се очекуваше дека денеска ќе ја мине и четвртфиналната пречка, но Весели одигра одличен меч и дојде до триумф.
Чешкиот тенисер првиот сет го доби со 6-4, а во вториот се играше тајбрејк кој Весели го доби со 7-4 и ја комплетираше победата.
Овој пораз значи дека Новак Ѓоковиќ ќе го загуби првото место на АТП листата кое го држеше 361 недела. Од понеделник прво место ќе биде Данил Медведев.