Новак има две цели до крајот на кариерата

Ѓоковиќ: Верувам дека ќе бидам тенисерот со најмногу освоени грен-слем титули!

Новак Ѓоковиќ е полн со самодоверба, смета дека има уште многу што да каже во тенисот и си има поставено две главни цели. 

EPA-EFE/ALI HAIDER
Поради коронавирусот оваа година од грен-слем турнирите се одржа само Австралија Опен кој го освои Новак Ѓоковиќ.
 
Тој досега има освоено 17 грен-слем титули, пред него се Рафаел Надал со 19 и лидерот Роџер Федерер со 20.
 
Ѓоковиќ верува дека на крајот на кариерата тој ќе биде тенисерот со најмногу грен-слем титули, а сака да го сруши и рекордот по број на минати седмици на чело на АТП листата.
 
„Сметам дека самодовербата доаѓа од самиот себе. Мора да бидете искрени кон себе, а таа искреност ве води низ она што сакате да го правите. Мислам дека имам уште да му дадам на овој спорт. Верувам дека ќе бидам тенисерот со најмногу освоени грен-слем титули, но сакам и да го срушам рекордот по бројот на седмици минати на чело на АТП листата. Тоа се моите цели“, изјави Новак Ѓоковиќ.
 

Легенда под Главна слика

EPA-EFE/ALI HAIDER

Кога ќе заврши пандемијата, очекувајте државите да се вратат со поголема власт и поголем легитимитет.

повеќе

Откако не успеа во приказот на Мицкоски како екстензија на Груевски и на опозицијата како „анти-западна“, со изјавите неделава Заев покажува дека негов рецепт за изборна победа е само што помала излезност без учество на опозицијата.

повеќе